Израелските војници и тенкови денеска се повлекоа од централниот дел на Појасот Газа и се упатија кон границата со Израел.
Претходно израелската воена команда ги повика Палестинците кои ги напуштија своите домови поради воените дејствија, да се вратат назад. Ваквиот потег беше протолкуван од израелските медиуми како знак дека воената операција во Газа е при крај и армијата се подготвува за еднострано повлекување, објавувајќи победа.
Израелските власти засега одбиваат да ги коментираат ваквите наводи, а некои западни медиуми потсетуваат дека Тел Авив вака постапувал и во претходните војни против Газа.
Досега во текот на 25-дневните израелски напади загинале 1.669 Палестинци. Според локалните организации за заштита на човековите права, 80 проценти од жртвите се цивили, меѓу кои има и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.