| четврток, 6 декември 2018 |

Поради гранатирање: Прекината истрагата за авионската несреќа во Украина

9493831 (1)

Почна истрагата за авионската несреќат во источна Украина, но мораше да биде прекината поради гранатирањето во близина на местото каде што се урна малезискиот авион, соопшти претставник на ОБСЕ.

– На оддалеченост од околу два километра слушнавме артилериски оган, а тоа беше премногу блиску за да продолжиме – , истакна претставникот на ОБСЕ во Украина, Александар Хаг.

На местото на авионската несреќа во регионот на Доњецк денеска пристигнаа 78 меѓународни експерти, кои планираа цел ден интензивно да работат на собирање остатоци од жртвите.

Хаг додаде дека експертскиот тим постигнал договор и со украинските и со проруските сили да им се овозможи посета на местото на несреќата на малезискиот „боинг 777“, во која на 17 јули загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top