| четврток, 6 декември 2018 |

Дерик Меј и Македонска филхармонија вечерва во Античкиот театар

derik

Невидено шоу најавуваат организаторите на концертот на американскиот диџеј Дерик Меј со Македонската филхармонија, кој ќе се одржи вечерва во 21 часот во Античкиот театар во Охрид. На музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ ќе бидат изведени шест композиции на Дерик Меј создавани во 80-тите и 90-тите години на минатиот век и две на музичарот Џијан Емин, кој ја работеше и оркестрацијата. Македонската филхармонија ќе ја придружува и нашата пијанистка Емилија Потевска.

Kонцертот ќе претставува фузија од електронска и класична музика, светлосни ефекти, видео и аудиоподдршка, специфични костими.

Идеен творец и продуцент на настанот е Огнен Узуновски–Оги од продуцентската куќа „Излет мјузик“. Покровител на концертот е Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top