Немојте да им давате аргументи на сите оние кои ги бараат за да не закочат. Ајде да седнеме и да разговараме отворено и директно како понатаму, поставете разумни барања, јас ветувам дека ние како гарнитура сме спремни да ги прифатиме и порача премиерот Никола Груевски на опозицијата во обраќањето во Пелинце.
– Македонија има многу поголеми предизвици од дневно политичките интереси на поединци или на некои групи, кои не можат да се помират со нивната позиција во општеството и кои срамно се поставуваат над се. Нема да дозволам тие интереси да надвладеат, рече Груевски.
Тој посочи дека на средбата со опозицијата кажал дека мора да има мостови меѓу власта и опозицијата и оти времињата не се воопшто едноставни за државата.
– Ако во нас има вина зошто се срушени, ние сме спремни да ја прифатиме нашата одговорност и да ги градиме повторно, но и тие да ја согледаат и испитаат сопствената улога и да помогнат во градењето на тие мостови. На граѓаните им е потребно тоа. На Македонија и е потребно тоа, истакна Груевски.
Лажните експонирања, додаде, се само резултат на лична слабост и немање на капацитет.
– Лажните вредности, и силења, се резултат на состојба на заробен ум, заробен од суета, и личен страв. Ние не се плашиме од ништо. Ние сакаме да одиме напред. Ние сме должни тоа да го овозможиме на нашите сограѓани, потенцира премиерот Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.