| четврток, 6 декември 2018 |

Ненадејно почина легендата на белорускиот и украинскиот фудбал

Поранешниот фудбалер на Динамо Минск и Динамо Киев Валентин Белкевич почина вчера ненадејно на 41-годишна возраст.

Играчот за врска кој важи за легенда на белорускиот и украинскиот фудбал вчера ненадејно почина како последица на тромбоза.

Белкевич е вистинска легенда на Динамо Минск, но уште повеќе на Динамо Киев. Дресот на украинскиот тим го носеше на 317 натпревари и постигнал 70 голови, откако на овој тим му се приклучи од Динамо Минск во 1996-та година.

Тој на тимот од Киев му помогна да освои седум шампионски титули и шест куп пехари.

За селекцијата на Белорусија Белкевич одигра 56 натпревари и постигнал 10 голови. По завршувањето на кариерата работеше како тренер на младинскиот тим на Динамо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top