Вчера на ул.„Самоилова“ во Скопје, непознат маж нападнал 58-годишник од Богданци. Додека Б.С. се движел низ старата скопска чаршија, забележал дека го следи маж кој претходно го видел во казино.
Кога пристигнал во близина на Скопското Кале, непознатото лице физички го нападнало удирајќи го со тупаници во пределот на главата, а потоа од џебот од панталоните му одзело 10.000 денари, го турнало на земја и избегало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


