| четврток, 6 декември 2018 |

Километарски редици возила кај Куманово (ФОТО)

возила

Редици автомобили долги неколку километри и задржување од 45 минути до еден час се забележани кај патарината кај Романовце на автопатот кон Србија, јавува Телеграф.

возла 2

Автомобилите кои чекаат во долгата редица се главно со странски регистарски таблички. Голем дел од нив, според очевидците, биле по потекло од Турција, а се враќале кон Германија.

Но, исто така, има и доста автомобили од Србија кои се враќаат од летниот одмор. Фотографиите се направени на околу три километри пред наплатната рампа, пред повеќе од еден час

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top