Политичките случувања и евроатлантската интеграција на Македонија, решавањето на прашањето со името, меѓуетничките односи и тековните реформи, беа тема на денешната средба на претседателот на ДУИ Али Ахмети со
американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.
– Стратешка цел на САД е членството на Македонија во евроатлантските структури и овој процес претставува клуч за стабилноста на земјата, но и на регионот – истакнал Волерс на средбата, соопшти ДУИ.
Амбасадорот Волерс ја нагласил „важноста на оддржувањето здрави меѓуетнички односи и вложувањето дополнителни напори за надминување на поделбите помеѓу заедниците“.
Ахмети нагласил дека „развивањето здрави меѓуетнички односи останува приоритет на ДУИ“ и изразил подготвеност да вложи напори за надминување на поделбите помеѓу заедниците“.
– Една многу значајна точка која што ги зближува заедниците во Македонија и влијае врз стабилноста на земјата и економскиот развој е интеграцијата на Македонија во НАТО и токму поради тоа, претседателот Ахмети побара поголема ангажираност на меѓународната заедница за да се надмине спорот со името со јужниот сосед- се вели во соопштението од ДУИ.
Ахмети на средбата со Волерс зборувал и за оспорувањето на легитимитетот на Претседателот и за реформите во судството
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



