| четврток, 6 декември 2018 |

Од полициска станица во Париз исчезнаа 50 кг кокаин

Француските власти денеска водат информативни разговори со елитни полицајци откако од полициска станица во Париз исчезнаа повеќе од 50 кг. запленет кокаин чија вредност е три милиони евра.

kokain1

Кокаинот кој бил запленет во рации во јули, исчезнал вчера од добро чувани простории.

Извор близок до истрагата тврди дека само тројца луѓе имале клучеви од просторијата каде се чувал кокаинот. Во операциите за запленуавње на кокаинот уапсени се неколкумина Сенегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top