Американскиот државен секретар Џон Кери од денеска е во дводневна посета на Анкара, што е негова прва официјална посета на Турција по преземањето на функцијата. Како главна тема е најавена кризата во Сирија и улогата на Турција во нејзиното надминување. Предвидено е Кери да се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул, со премиерот Реџеп Таип Ердоган и со шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу.
Турско-американските односи имаат многу широк спектар, поради што се очекува да бидат разгледани и случувањата во повеќе региони и тоа се пред се во Авганистан, Ирак, на Балканот, како и кипарскиот проблем по претседателските избори на островот. Предвидено е посебно внимание да се посвети и на борбата против тероризмот и судирите на турските сили со Курдската работничка партија (ПКК), како и на инетзивирањето на трговско-економските односи меѓу Анкара и Вашингтон. Турскиот извоз во САД минатата година се зголемил за 14 отсто, достигнувајќи 577 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.