| четврток, 6 декември 2018 |

Во Велес пристигнаа велосипедистите од ревијално возење низ Македонија за двата Илиндена

velosipedisti1

Во центарот на Велес пред споменикот „Коњаникот“ посветен на велешките војводи Илинденци, денеска пристигнаа дваесетината млади велосипедисти од клубовите во земјава, кои учествуваат во ревијална велосипедска трка низ Македонија по повод двата Илиндена.
Манифестацијата насловена „111 години Илинден-70 години АСНОМ“ ја организира Велосипедската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт на Македонија.
Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на планинарски спортови од денеска имаа и симулација на дел од патеката на Февруарскиот поход каде што неколку планинари се движат по патеката од манастирот во Пифтија до селото Крстец. Воедно, утре имаат и симболично искачување на Славеј Планина каде што е организиран првиот партизански одред, а има и искачување на врвот Голем Кораб.
За време на ревијалната трка, учесниците поминуваат 350 километри, а за три дена поминуваат низ девет градови во земјава.
Првата етапа од оваа велосипедска ревијална трка вчера беше на релација Крушево, Битола, Прилеп и Кавадарци. Денеска се вози од Кавадарци преку Неготино, Велес и Штип до Пробиштип. И утре на третата и последна етапа од Пробиштип, преку Кратово до Пелинце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top