| четврток, 6 декември 2018 |

Русите ја воскреснуваат најголемата шпионска база

Ру­си­ја и Ку­ба по­стиг­наа на­че­лен до­го­вор де­ка Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја пак ќе го ко­ри­сти ра­ди­о­е­ле­ктрон­ски­от цен­тар во Лур­дес (бли­зу Ха­ва­на)

Мос­ква се отка­жа од ра­ди­о­е­ле­ктрон­ски­от цен­тар во Лур­дес во 2001 го­ди­на би­деј­ќи не­ма­ше средс­тва за комп­лекс што е од­да­ле­чен од Мос­ква де­сет ил­ја­ди ки­ло­ме­три, а, исто та­ка, и за да им из­ле­зе во пре­срет на ба­ра­ња­та на Ва­шин­гтон. Се­га ру­ски­те вла­сти сме­та­ат де­ка е по­треб­но да се вра­тат во цен­та­рот што се на­о­ѓа на са­мо 250 ки­ло­ме­три од крај­бреж­је­то на САД. Ток­му тој цен­тар му овоз­мо­жу­ва­ше на СССР да ги кон­тро­ли­ра ра­ди­о­вр­ски­те и те­ле­фон­ски­те вр­ски на зна­чи­те­лен дел од те­ри­то­ри­ја­та на „по­тен­ци­јал­ни­от про­тив­ник“. Ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка Ру­си­ја се вра­ќа во Лур­дес ја по­твр­ди­ја не­кол­ку из­во­ри во вла­ди­на­та стру­кту­ра на Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја. Мос­ква ги поч­на пре­го­во­ри­те со Ха­ва­на уште пред не­кол­ку го­ди­ни, но ги ин­тен­зи­ви­ра­ше на по­че­то­кот од оваа го­ди­на (ру­ски­те вој­ни­ци не­кол­ку па­ти се срет­наа со ку­бан­ски­те ко­ле­ги) и во те­кот на след­ни­те не­кол­ку ме­се­ци ус­пе­а­ја  да ги ре­шат си­те пра­ша­ња. До­го­во­ри­те се фи­на­ли­зи­ра­ни при по­се­та­та на ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин на Ха­ва­на. То­гаш бе­ше об­ја­ве­но де­ка Мос­ква от­пи­ша­ла 90 про­цен­ти од ку­бан­ски­от долг, во из­нос од око­лу 32 ми­ли­јар­ди до­ла­ри.

Те­шко е да се оце­ни зна­че­ње­то на до­го­во­рот за цен­та­рот во Лур­дес. Сè уште се оче­ку­ва офи­ци­јал­на из­ја­ва од ру­ско­то Ми­ни­стерс­тво за од­бра­на и од Ге­не­рал­шта­бот, кој ќе ра­ко­во­ди со цен­та­рот.

Ра­ди­о­ра­зуз­на­вач­ки­от цен­тар во Лур­дес бе­ше акти­ви­ран во 1967 го­ди­на, пр­во под упра­ва на СССР, а по­тоа на Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја до 2001 го­ди­на. По­тоа, Мос­ква се отка­жа од не­го би­деј­ќи не­ма­ше средс­тва да го фи­нан­си­ра и за да за­до­во­ли не­кои од ба­ра­ња­та на САД. Од­лу­ка­та за вра­ќа­ње на Ку­ба мо­же да се пре­пи­ше на по­до­бре­на­та фи­нан­си­ска си­ту­а­ци­ја на Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја и на вло­ше­ни­те од­но­си со САД.

– На­ши­те од­но­си се вло­ши­ја пред Укра­и­на. Ни­ко­гаш не ни би­ле хар­мо­нич­ни, со иск­лу­чок на не­кои кра­тки пер­и­о­ди – из­ја­ви функ­ци­о­нер кој е за­поз­нат со пре­го­во­ри­те.

Друг функ­ци­о­нер сме­та де­ка мо­ти­ви­те на Мос­ква се тоа што САД го иг­но­ри­раа нив­ни­от гест на до­бра вол­ја. За­тоа, спо­ред ви­сок из­вор од ру­ско­то Ми­ни­стерс­тво за од­бра­на, Мос­ква со пра­во мо­же да го ре­а­ни­ми­ра про­е­ктот и да го за­јак­не сво­јот еша­лон од раз­уз­на­вач­ки служ­би.

Об­је­ктот во Лур­дес бе­ше нај­мо­ќен со­вет­ски цен­тар за ра­ди­о­е­ле­ктрон­ско сле­де­ње над­вор од зем­ја­та.

Svet99-2

Се­гаш­ни­от ли­дер на Ку­ба, Ра­ул Ка­стро, ед­наш из­ја­ви де­ка Мос­ква до­би­ва ду­ри 75 про­цен­ти од ин­фор­ма­ци­и­те за САД пре­ку Лур­дес. Таа број­ка, нај­ве­ро­јат­но, е не­ре­ал­на, но, се­пак, овој комп­лекс, кој се на­о­ѓа на са­мо 250 ки­ло­ме­три од бре­гот на САД, овоз­мо­жу­ва кон­тро­ла врз ра­ди­о­сиг­на­ли­те на го­лем дел од те­ри­то­ри­ја­та на „по­тен­ци­јал­ни­от про­тив­ник“. Не­го­ва­та важ­ност де­нес е уште по­го­ле­ма би­деј­ќи Ру­си­ја не рас­по­ла­га со сиг­на­ли за над­зор од все­ле­на­та ка­ко Со­вет­ски­от Со­јуз и има нес­по­ред­ли­во по­мал број по­мор­ски раз­уз­на­вач­ки об­је­кти.

Спо­ред не­кои из­во­ри, ру­ски­те си­ли не­ма да би­дат за­ста­пе­ни во ба­за­та во иста­та ко­ли­чи­на ка­ко по­ра­но. За вре­ме на СССР во комп­ле­ксот слу­же­ле 3.000 екс­пер­ти, а во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век – 1.500. Тех­но­ло­ги­ја­та от­то­гаш бе­ле­жи зна­ча­ен по­дем, што до­ве­де до на­ма­лу­ва­ње на по­тре­ба­та од тол­кав ка­дар.

Це­на­та за по­втор­на акти­ва­ци­ја и опре­му­ва­ње на цен­та­рот уште не е поз­на­та. Од 1992 го­ди­на Мос­ква ги ко­ри­сти ка­па­ци­те­ти­те бесп­лат­но.

Во но­ем­ври иста­та го­ди­на е пот­пи­шан до­го­вор за по­сто­јан ра­ди­о­е­ле­ктрон­ски цен­тар на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ку­ба, спо­ред кој Мос­ква мо­же да го из­нај­му­ва об­је­ктот до но­ем­ври 2000 го­ди­на, ве­ту­вај­ќи де­ка ќе пла­ти 90 ми­ли­о­ни до­ла­ри во 1992 го­ди­на, 160 ми­ли­о­ни до­ла­ри во 1993 го­ди­на и 200 ми­ли­о­ни до­ла­ри од 1996 до 2000 го­ди­на. Всуш­ност, Ру­си­ја не пла­ќа­ше во ва­лу­та, ту­ку пре­ку ис­по­ра­ки на хра­на, др­ва, го­ри­во, на­фте­ни де­ри­ва­ти, во­е­на тех­но­ло­ги­ја и ре­зерв­ни де­ло­ви. Ку­ба има­ше пра­во на при­стап до ин­фор­ма­ци­и­те кои се до­би­ваа од цен­та­рот, а кои се од­не­су­ваа на неј­зи­на­та др­жав­на без­бед­ност. Мос­ква пла­ќа­ше и 100 ми­ли­о­ни до­ла­ри го­диш­но по ос­но­ва на до­пол­ни­тел­ни тро­шо­ци.

Во ју­ли 2000 го­ди­на прет­став­ни­ци од Кон­гре­сот на САД го одо­бри­ја т.н. акт за ру­ско-аме­ри­кан­ска до­вер­ба и со­ра­бо­тка, спо­ред кој Бе­ла­та ку­ќа до­би за­бра­на за ре­стру­кту­и­ра­ње на ру­ски­от долг ду­ри не се за­тво­ри об­је­ктот во Ку­ба. Во 2001 го­ди­на, Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја до­не­се од­лу­ка да го на­пу­шти Лур­дес (а по­тоа и ви­ет­нам­ска­та во­е­на ба­за Кам Ран). Пос­лед­на­та гру­па ру­ски екс­пер­ти го на­пу­шти­ја цен­та­рот во 2002 го­ди­на. Дел од не­го­ва­та ин­фра­стру­кту­ра по­тоа се ко­ри­сте­ше ка­ко ко­леџ за ин­фор­ма­ци­ска тех­но­ло­ги­ја.

– Вра­ќа­ње­то на Ру­си­ја во Лур­дес е по­ве­ќе од оправ­да­но. Ка­па­ци­те­тот на ру­ска­та служ­ба за са­те­лит­ско и за ра­ди­о­ра­зуз­на­ва­ње не е ка­ко не­ко­гаш. Бли­зи­на­та на цен­та­рот до аме­ри­кан­ско тло ќе им овоз­мо­жи на ру­ски­те вој­ни­ци да ра­бо­тат без да има­ат по­тре­ба од все­лен­ски еша­лон – из­ја­ви Ви­ктор Му­ра­хов­ски, во­ен екс­перт и пен­зи­о­ни­ран пол­ков­ник.

Спо­ред ге­не­рал Вја­чес­лав Труб­ни­ков, член на со­ве­тот на Цен­та­рот за по­ли­тич­ки истра­жу­ва­ња и по­ра­не­шен ди­ре­ктор на ру­ска­та Стран­ска раз­уз­на­вач­ка служ­ба, Лур­дес бил очи­те на Со­вет­ски­от Со­јуз на за­пад­на­та хе­ми­сфе­ра.

– Не­го­во­то гу­бе­ње вли­ја­е­ше врз на­ше­то раз­би­ра­ње на про­це­си­те кои се од­ви­ваа во ре­ги­о­нот. За Ру­си­ја, ко­ја де­нес ги шти­ти сво­е­то ле­ги­тим­но пра­во и ме­сто во све­тот, цен­та­рот во Лур­дес е по­дед­на­кво ва­жен ка­ко што бе­ше не­ко­гаш за СССР – до­да­ва Труб­ни­ков.

 

Пу­тин ги по­ви­ка зем­ји­те од БРИКС да ос­мис­лат мер­ки про­тив САД и нив­ни­те со­јуз­ни­ци

Ру­си­ја има на­ме­ра да им пред­ло­жи на парт­не­ри­те од БРИКС да ос­мис­лат ко­ле­ктив­ни мер­ки про­тив „хај­ка­та“ ко­ја САД и неј­зи­ни­те со­јуз­ни­ци ја вр­шат упо­тре­бу­вај­ќи санк­ции.

– Уште ед­но важ­но пра­ша­ње кое пла­ни­ра­ме да го по­кре­не­ме на са­ми­тот на БРИКС е по­вр­за­но со сè по­че­сти­те слу­чаи на ма­сов­на при­ме­на на ед­но­стра­ни санк­ции – из­ја­ви ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин.

Тој изра­зи бла­го­дар­ност до зем­ји­те од БРИКС, кои на раз­ни на­чи­ни го осу­ди­ја во­ве­ду­ва­ње­то санк­ции на Ру­си­ја од стра­на на САД и нив­ни­те со­јуз­ни­ци.

– Тре­ба да изв­ле­че­ме и кон­крет­ни зак­лу­чо­ци од тоа што се слу­чу­ва. Тре­ба за­ед­но да ос­мис­ли­ме си­стем мер­ки што би ја оне­воз­мо­жи­ле „хај­ка­та“ на зем­ји кои не се сог­ла­су­ва­ат со одре­де­ни над­во­реш­но-по­ли­тич­ки од­лу­ки на САД и нив­ни­те со­јуз­ни­ци и кои би при­до­не­ле кон во­де­ње ци­ви­ли­зи­ран ди­ја­лог за си­те спор­ни пра­ша­ња пре­ку ме­ѓу­себ­на по­чит – наг­ла­си ру­ски­от ли­дер.

 

Пу­тин: Ру­си­ја ќе ги бра­ни сво­и­те ин­те­ре­си во све­тот

Од 30 ју­ни до 3 ју­ли во Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти во Мос­ква се одр­жа кон­фе­рен­ци­ја на ам­ба­са­до­ри­те и по­сто­ја­ни­те зем­ји-член­ки на Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја. Гла­вен на­стан на со­би­рот бе­ше го­во­рот на пре­тсе­да­те­лот Вла­ди­мир Пу­тин.

Во сво­е­то из­ла­га­ње пред дип­ло­ма­ти­те, ру­ски­от ли­дер ја про­дол­жи ли­ни­ја­та што ја поч­на во про­лет­ни­от го­вор пред Фе­де­рал­но­то со­бра­ние. Глав­на те­за на не­го­ви­от го­вор бе­ше де­бак­лот на ед­но­по­лар­ни­от мо­дел на свет­ски по­ре­док. Спо­ред збо­ро­ви­те на Пу­тин, мо­мен­тал­на­та свет­ска по­ли­ти­ка е сè по­не­пред­вид­ли­ва, ста­ри­те конф­ли­кти по­втор­но се раз­го­ру­ва­ат, а се по­ја­ву­ва­ат и но­ви.

– На ма­па­та има сè по­ве­ќе ре­ги­о­ни кои хро­нич­но има­ат тре­ска. Евро­па, Бли­ски­от Исток, Сред­ни­от Исток, Јуж­на Ази­ја, ази­ско-па­ци­фич­ки­от ре­ги­он и Афри­ка стра­да­ат од не­до­стиг на си­гур­ност – ре­че Пу­тин.

Најв­пе­чат­лив при­мер е кри­за­та во Укра­и­на. Пре­тсе­да­те­лот уште ед­наш ги об­јас­ни при­чи­ни­те по­ра­ди кои Ру­си­ја е вов­ле­че­на во кри­за­та. Наг­ла­си де­ка во Укра­и­на се за­гро­зе­ни Ру­си­те, нив­ни­от ја­зик, исто­ри­ја, кул­ту­ра, а, освен тоа, и без­бед­но­ста на Ру­си­ја би­ла до­ве­де­на во пра­ша­ње.

– Ка­кви ре­ак­ции, при­тоа, оче­ку­ваа на­ши­те парт­не­ри спо­ред тоа ка­ко се од­ви­ваа слу­чу­ва­ња­та во Укра­и­на? Се раз­би­ра де­ка не­мав­ме пра­во да ги оста­ви­ме жи­те­ли­те на Крим на ми­лост и не­ми­лост на во­е­ни­те на­ци­о­на­ли­сти и ра­ди­ка­ли, не мо­жев­ме да доз­во­ли­ме да ни го огра­ни­чат при­ста­пот до во­ди­те на Цр­но Мо­ре – до­да­де тој.

Пу­тин ве­ти де­ка Ру­си­ја и на­та­му ќе ги шти­ти пра­ва­та на Ру­си­те во странс­тво ко­ри­стеј­ќи го це­ли­от ар­се­нал средс­тва: од по­ли­тич­ки до еко­ном­ски. Не ја иск­лу­чи  ни­ту мож­но­ста за спро­ве­ду­ва­ње ху­ма­ни­тар­на опе­ра­ци­ја. Наб­љу­ду­ва­чи­те тоа го оце­ни­ја ка­ко отво­ре­но пре­ду­пре­ду­ва­ње на укра­ин­ски­те вла­сти, кои ја об­но­ви­ја во­е­на­та опе­ра­ци­ја во ју­го­и­сточ­ни­те де­ло­ви на др­жа­ва­та, ка­де што пре­теж­но жи­вее ру­ско на­се­ле­ние.

Ру­ски­от пре­тсе­да­тел ста­ви по­се­бен ак­цент на по­тре­ба­та од гра­де­ње ме­ѓу­на­род­ни од­но­си зас­но­ва­ни на рам­но­прав­ност и ме­ѓу­себ­на по­чит.

– На оние што и на­та­му из­ја­ву­ва­ат де­ка има­ат иск­лу­чи­тел­но пра­во, не им се до­па­ѓа не­за­вис­на­та по­ли­ти­ка на Ру­си­ја. Слу­чу­ва­ња­та во Укра­и­на го по­твр­ди­ја тоа. Но, по­твр­де­но е и де­ка мо­де­лот на ме­ѓу­себ­ни од­но­си со Ру­си­ја, кој изо­би­лу­ва со двој­ни стан­дар­ди, ед­но­став­но не функ­ци­о­ни­ра – наг­ла­си Пу­тин.

 

Мос­ква се на­со­чу­ва кон Исто­кот

Не е те­шко да се за­мис­ли на ко­ја др­жа­ва алу­ди­ра­ше Пу­тин во сво­јот го­вор. Се­пак, го­во­реј­ќи пред дип­ло­ма­ти­те, пре­тсе­да­те­лот истак­на де­ка Ру­си­ја не­ма на­ме­ра за ги „за­тво­ри“ од­но­си­те со САД. За тие да се по­до­брат, Ва­шин­гтон мо­ра да ги во­ди ра­бо­ти­те рам­но­прав­но.

– Мож­но е и тре­ба да ба­ра­ме до­пир­ни точ­ки, да се гле­да­ме не са­мо ка­ко ме­ѓу­себ­на кон­ку­рен­ци­ја, ту­ку и ка­ко парт­не­ри – наг­ла­си ше­фот на др­жа­ва­та.

Ру­ски­от ли­дер бе­ше мал­ку по­го­лем оп­ти­мист по пра­ша­ње­то за раз­вој на кон­та­кти­те со Евро­па.

– Евро­па е наш при­ро­ден и нај­ва­жен тр­гов­ско-еко­ном­ски парт­нер. Теж­не­е­ме кон по­ја­ва на но­ви мож­но­сти за за­јак­ну­ва­ње на де­лов­на­та со­ра­бо­тка. Се­ко­гаш сме ва­же­ле за си­гу­рен снаб­ду­вач на енер­гет­ски ре­сур­си и за ин­ве­сти­то­ри во гас­на­та ин­фра­стру­кту­ра – из­ја­ви Пу­тин.

Ме­ѓу­тоа, су­деј­ќи спо­ред из­ја­ви­те на Пу­тин, од­но­си­те со За­па­дот и на­та­му се крај­но до­го­вор­ни. По­ра­ди тоа, Ру­си­ја мо­ра да по­све­ти по­себ­но вни­ма­ние на од­но­си­те со со­се­ди­те, пред сè со Бе­ло­ру­си­ја и со Ка­зах­стан, ка­ко и со Ази­ја и со Ла­тин­ска Аме­ри­ка.

– Мо­же да се ка­же де­ка на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на мо­мен­тал­но по­стои цвр­ста ру­ско-ки­не­ска дип­ло­мат­ска вр­ска – истак­на Пу­тин.

Спо­ред из­ја­ва­та на Ми­ха­ил Мар­ге­лов за „Ру­ски вес­ник“, пре­тсе­да­те­лот на од­бо­рот на Со­ве­тот на Фе­де­ра­ци­ја­та за ме­ѓу­на­род­ни ра­бо­ти, пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња ја зго­ле­ми­ја по­тре­ба­та Ру­си­ја да ги за­јак­не сво­и­те над­во­реш­но-еко­ном­ски мож­но­сти за сме­тка на Исто­кот.

– Всуш­ност, ја за­бр­заа би­деј­ќи иде­ја­та за по­се­та на Вла­ди­мир Пу­тин на Ки­на по­сто­е­ше дол­го пред укра­ин­ска­та кри­за. А, раз­ни пла­но­ви за еко­ном­ски­те вр­ски на Ру­си­ја со ази­ско-па­ци­фич­ки­от ре­ги­он по­сто­јат нај­мал­ку де­сет го­ди­ни. Ру­си­ја вле­зе во сло­же­ни­от си­стем на др­жа­ви од Да­леч­ни­от Исток и од Ју­го­и­сточ­на Ази­ја бла­го­да­ре­ние на неј­зи­на­та единс­тве­на ге­о­по­ли­тич­ка по­зи­ци­ја ме­ѓу цен­три­те на свет­ска­та еко­но­ми­ја. Ов­де не ста­ну­ва збор за за­ми­ну­ва­ње од Евро­па, ту­ку за ге­о­е­ко­ном­ска од­лу­ка – об­јас­ни Мар­ге­лов.

Але­ксан­дар Ко­но­ва­лов, пре­тсе­да­тел на Ин­сти­ту­тот за стра­те­шка оце­на, се сог­ла­су­ва де­ка Ру­си­ја ќе ја за­јак­ну­ва со­ра­бо­тка­та со Ки­на и со ази­ско-па­ци­фич­ки­те др­жа­ви. Спо­ред не­го, зго­ле­му­ва­ње­то на не­га­тив­ни­те чув­ства кон За­па­дот не би би­ло це­лис­ход­но.

– Во од­но­си­те со За­па­дот тре­ба да поч­не да се об­но­ву­ва тоа што и ед­на­та и дру­га­та стра­на го уни­шти­ја во из­ми­на­ти­те ме­се­ци. На Ру­си­ја во­оп­што не ѝ е од пол­за во­ве­ду­ва­ње тре­та фа­за санк­ции ко­ја ќе им за­да­де удар на на­ши­те бан­ки, енер­ге­ти­ка­та и од­бра­на­та. Освен тоа, мож­на е по­ја­ва на не­о­че­ку­ва­ни али­јан­си, ка­ко што се САД-Ру­си­ја-Иран про­тив су­нит­ски­те ра­ди­ка­ли. Но­ва тен­ден­ци­ја е тоа што Мос­ква поч­на да ис­по­ра­чу­ва во­е­ни ави­о­ни во Ирак, што Ва­шин­гтон не го при­фа­ти со за­до­волс­тво – истак­на Ко­но­ва­лов во раз­го­вор за „Ру­ски вес­ник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top