| четврток, 6 декември 2018 |

Добиле четворка, а веќе имаат пет деца

цетворка

Мелиса и нејзиниот сопруг Мет, кои веќе имале пет деца, останале шокирани кога дознале дека Мелиса е бремена со четворка.

Лекарите останале вудовидени бидејќи, како што велат, многу е тешко да се зачне четворка по природен пат.

– Мелиса е една во милион. Не можеме ни да го оцениме ова колку е ретко – вели д-р Донели. Исклучително е тешко четворка да се зачне по природен пат, без вештачко оплодување или некој друг вид медицинска асистенција.

цетворка 3

Иако бебињата се родени пред терминот, тие немале никакви здравствени проблеми. Мелиса добила две ќерки и два сина. Бебињата и покрај добрата кондиција, со оглед на предвеременото породување ќе мора неколку недели да останат во болница.

цетворка 2

Дома Мелиса ја чекаат деца од 11, девет, шест, пет години и 18 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top