| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралевите“ царуваат на фудбалскиот пазар

Нов скап по­тфат со ку­пу­ва­ње на из­во­нред­ни­от ко­лум­би­ски играч за вр­ска Џејмс Ро­дри­гез при­ре­ди ра­ко­водс­тво­то на Ре­ал Ма­дрид. Це­ли­от „па­кет“ и ан­гаж­ман на из­во­нред­ни­от 23-го­ди­шен фуд­ба­лер ќе ги чи­ни „кра­ле­ви­те“ око­лу 80 ми­ли­о­ни евра, што е че­твр­ти нај­скап транс­фер на си­те вре­ми­ња. Де­се­ткрат­ни­от европ­ски шам­пи­он е убед­ли­во нај­до­бар по­тро­шу­вач и др­жи три од пет­те нај­ска­пи транс­фе­ри во исто­ри­ја­та на фуд­бал­ска­та игра. Ге­рет Бејл, Кри­сти­ја­но Ро­нал­до и се­га Ро­дри­гез се број еден, два и број че­ти­ри, а ме­ѓу нив се Лу­ис Су­а­рез и Зла­тан Ибра­хи­мо­виќ. Про­е­ктот „Га­ла­кти­кос“ во Ма­дрид про­дол­жу­ва со ан­гаж­ман на би­се­рот од Ку­ку­та, Ко­лум­би­ја

Нов скап по­тфат со ку­пу­ва­ње на из­во­нред­ни­от ко­лум­би­ски играч за вр­ска Џејмс Ро­дри­гез при­ре­ди ра­ко­водс­тво­то на Ре­ал Ма­дрид. Це­ли­от „па­кет“ и ан­гаж­ман на из­во­нред­ни­от 23-го­ди­шен фуд­ба­лер ќе ги чи­ни „кра­ле­ви­те“ око­лу 80 ми­ли­о­ни евра, што е че­твр­ти нај­скап транс­фер на си­те вре­ми­ња. Де­се­ткрат­ни­от европ­ски шам­пи­он е убед­ли­во нај­до­бар по­тро­шу­вач и др­жи три од пет­те нај­ска­пи транс­фе­ри во исто­ри­ја­та на фуд­бал­ска­та игра. Ге­рет Бејл, Кри­сти­ја­но Ро­нал­до и се­га Ро­дри­гез се број еден, два и број че­ти­ри, а ме­ѓу нив се Лу­ис Су­а­рез и Зла­тан Ибра­хи­мо­виќ.

Фи­ло­зо­фи­ја­та на Ре­ал Ма­дрид е да ги ку­пу­ва нај­до­бри­те и нај­ска­пи фуд­ба­ле­ри, а мо­ќта на клу­бот и па­ри­те на спорт­ски­от сим­бол на Шпа­ни­ја му доз­во­лу­ва­ат не­ми­ло­срд­но да тро­ши сто­ти­ци ми­ли­о­ни на за­си­лу­ва­ња.

За нив не е из­не­на­ду­ва­ње што ги има­ат на­пра­ве­но шест од два­е­сет­те нај­ска­пи транс­фе­ри на си­те вре­ми­ња, че­ти­ри од нив во ера­та на пре­тсе­да­те­лот Фло­рен­ти­но Пе­рез.

Исто­ри­ски, во Ре­ал игра­ле ве­ли­чи­ни од ка­ли­ба­рот на Ал­фре­до ди Сте­фа­но, Фе­ренц Пу­шкаш, Па­ул Брајт­нер, Не­цер, Бе­кам, Ми­ја­то­виќ и сто­ти­ци дру­ги фуд­ба­ле­ри-стран­ци што чи­не­ле мно­гу па­ри, но при­каз­на­та на „крал­ски­от клуб“ со тро­ше­ње бас­нос­лов­ни­те су­ми за за­си­лу­ва­ња, се­пак, поч­ну­ва на стар­тот од овој ми­ле­ни­ум.

Лес­но е за клуб што са­мо од про­даж­ба на би­ле­ти во пос­лед­ни­те 5 се­зо­ни ос­тва­ру­ва во кон­ти­ну­и­тет до­би­вка ме­ѓу 150 и 200 ми­ли­о­ни евра, што е најм­но­гу од си­те клу­бо­ви на све­тот, а има и нај­до­бра про­даж­ба на дре­со­ви, око­лу 1,5 ми­ли­он пар­чи­ња во се­зо­на.

 

Sport99-3

Шо­кан­тен транс­фер на Фи­го од Бар­са во Ре­ал вре­ден ре­корд­ни 62 ми­ли­о­ни евра

Во 2000 го­ди­на Фло­рен­ти­но Пе­рез го по­бе­ди акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел на Ре­ал Ма­дрид Ло­рен­цо Санц на из­бо­ри­те и го ис­пол­ни не­ве­ро­јат­но­то ве­ту­ва­ње де­ка ќе го до­не­се Лу­ис Фи­го од ре­до­ви­те на лу­ти­от ри­вал Бар­се­ло­на. По­пу­лар­ни­те „ме­рен­го­си“, ка­ко што се на­ре­ку­ва­ат на­ви­ва­чи­те на Ре­ал Ма­дрид, му ве­ру­ваа на Пе­рез и не по­гре­ши­ја. Тие што има­ат пра­во на глас на из­бо­ри­те за пре­тсе­да­тел на„крал­ски­от клуб“ од­лу­чи­ја Фло­рен­ти­но да би­де нов прв чо­век на нај­тро­феј­на­та еки­па во Евро­па, спо­ред бро­јот на европ­ски тро­феи, а Пе­рез си го ис­пол­ни ве­ту­ва­ње­то.

Вед­наш по из­бо­ри­те, во ју­ли за­ми­на во про­сто­ри­и­те на шпан­ска­та фуд­бал­ска фе­де­ра­ци­ја (РФЕФ) и ја пла­ти кла­у­зу­ла­та за пор­ту­гал­ски­от играч вред­на око­лу 62 ми­ли­о­ни евра. Во тој пер­и­од бе­ше ре­чи­си не­за­мис­ли­во фуд­ба­лер од Бар­се­ло­на да пре­ми­не во Ре­ал Ма­дрид, но Пе­рез го сто­ри не­воз­мож­но­то и го до­ве­де Фи­го на „Сан­ти­ја­го Бер­на­беу“.

Пред 14 го­ди­ни тоа бе­ше ре­кор­ден транс­фер и нај­ви­со­ка су­ма што не­кој клуб ја пла­тил за играч. И тоа убед­ли­во најм­но­гу за тој пер­и­од и сè уште во топ 20 на си­те вре­ми­ња.

Фи­го вед­наш оди­гра бри­ли­јант­на се­зо­на, по­стиг­на 14 по­го­до­ци за Ре­ал Ма­дрид и во 2001 го­ди­на ја до­би на­гра­да­та на ФИ­ФА за нај­до­бар фуд­ба­лер на пла­не­та­та. Прет­ход­на­та го­ди­на во но­ем­ври, најм­но­гу бла­го­да­ре­ние на пре­крас­ни­те игри во Бар­се­ло­на, ја до­би и „Злат­на­та топ­ка“ иа­ко во тој мо­мент бе­ше играч на Ре­ал Ма­дрид. Фи­го оста­ви впе­чат­ли­ва тра­га во два­та клу­ба, а со од­лич­ни­те игри пот­пол­но го оправ­да по­те­гот на Пе­рез да пла­ти не­ве­ро­јат­ни 62 ми­ли­о­ни евра за да го до­ве­де во Ма­дрид.

 

По­ли­ти­ка­та „Га­ла­кти­кос“ ури­ва ре­кор­ди, Зи­дан во бе­ли­от дрес за 75 ми­ли­о­ни евра

По­ли­ти­ка­та што ја на­мет­на Пе­рез, по­пу­лар­но на­ре­че­на „Га­ла­кти­кос“, во 2001 го­ди­на по­ста­ви нов ре­корд. Соз­да­ва­ње­то га­ла­ктич­ки клуб со нај­до­бри­те игра­чи на пла­не­та­та на ед­но ме­сто го чи­не­ше Ре­ал Ма­дрид нов ек­стра-скап транс­фер, а на „Сан­ти­ја­го Бер­на­беу“ при­стиг­на вол­шеб­ни­кот Зи­не­дин Зи­дан. Фран­цу­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец со ал­жир­ско по­тек­ло ја ис­праз­ни ка­са­та на Ре­ал Ма­дрид за 75 ми­ли­о­ни евра и го ур­на ре­кор­дот на Фи­го од прет­ход­на­та го­ди­на.

Зи­зу дој­де во Ма­дрид од То­ри­но, од ре­до­ви­те на Ју­вен­тус, и во след­ни­те пет се­зо­ни ја по­ка­жа свет­ска­та кла­са. Тој е из­бран од УЕ­ФА ка­ко еден од нај­до­бри­те 50 игра­чи на си­те вре­ми­ња, а со Ре­ал освои сè што мо­же­ше да се освои. Зи­дан со „га­ла­кти­ча­ри­те“ се иска­чи на вр­вот на Евро­па со три­умф во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во 2002 го­ди­на по три­ум­фот во фи­на­ле­то про­тив Ба­ер Ле­вер­ку­зен. И по­втор­но ска­па­та ин­ве­сти­ци­ја на Пе­рез пот­пол­но се исп­ла­те­ше, и тоа на нај­до­бар мо­жен на­чин со тро­феи. Го­лот на Зи­дан во фи­на­ле­то про­тив „фар­ма­це­вти­те“ од Ле­вер­ку­зен е еден од нај­у­ба­ви­те во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, Ре­ал освои и ти­ту­ла во шпан­ско­то пр­венс­тво во ера­та на Зи­дан, фуд­бал­ски­те фа­но­ви го из­браа за нај­до­бар европ­ски играч во пос­лед­ни­те 50 го­ди­ни, се ре­деа ти­ту­ли и по­е­ди­неч­ни приз­на­ни­ја за асот на Ре­ал и на Фран­ци­ја, кои го до­ве­доа на ли­ста­та ме­ѓу де­сет­те нај­до­бри фуд­ба­ле­ри на си­те вре­ми­ња.

 

Sport99-2

При­стиг­наа и Ро­нал­до, Бејл и Ро­дри­гез, а крал­ска­та ка­са за не­пол­ни 15 го­ди­ни се испразни за ми­ли­јар­да евра

Sport99-4Ре­чи­си це­ла сто­тка во ми­ли­о­ни евра ма­дрид­ски­от клуб пла­ти за Кри­сти­ја­но Ро­нал­до во 2009 го­ди­на. Или точ­но 94 ми­ли­о­ни евра, што по­втор­но го вра­ти Ре­ал на вр­вот ка­ко клуб-ре­кор­дер спо­ред ви­си­на на су­ма­та што ја пла­тил за ан­гаж­ман на еден играч. Че­сто се ко­мен­ти­ра да­ли во­оп­што вре­ди да се пла­ти тол­ка­ва су­ма за фуд­ба­лер или во­оп­што за спор­тист, но по­пу­лар­ни­от „CR7“ од­лич­но си ја вр­ши ра­бо­та­та. Ро­нал­до израс­на во еден од нај­до­бри­те фуд­ба­ле­ри на пла­не­та­та, не­го­во­то ри­валс­тво со Ли­о­нел Ме­си се кре­на на ни­во на ле­ген­дар­но, а на по­ле­то на про­даж­ба на дре­со­ви, би­ле­ти, на мар­ке­тин­шки план и, нај­важ­но, со ус­пе­си­те во дре­сот на Ре­ал ан­гаж­ма­нот на Кри­сти­ја­но по­втор­но се по­ка­жа ка­ко полн по­го­док. Ги­ган­тот од Ма­дрид со Ро­нал­до во ти­мот ја освои европ­ска­та „Ла Де­си­ма“ или ју­би­леј­на­та де­сет­та ти­ту­ла во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, има и до­маш­ни тро­феи, и од ку­пот и од пр­венс­тво­то, а и по­е­ди­неч­ни­те приз­на­ни­ја не го од­ми­наа Пор­ту­га­ле­цот.

Но, Ре­ал не би бил „крал­ски клуб“ ако не на­пра­ви нов ме­га­тран­сфер. Ла­ни за 100 ми­ли­о­ни евра во Ма­дрид од Лон­дон „сле­та“ вел­шки­от ре­пре­зен­та­ти­вец Ге­рет Бејл. И вед­наш во пр­ва­та се­зо­на има­ше огро­мен при­до­нес во де­сет­та­та ти­ту­ла во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ре­ал Ма­дрид по 12 го­ди­ни па­у­за ста­на европ­ски пр­вак со ска­пи­те ѕвез­ди во ти­мот Ро­нал­до и Бејл, кои за­ед­но чи­неа 194 ми­ли­о­ни евра. Про­е­ктот не за­ста­ну­ва во Ма­дрид, на „Сан­ти­ја­го Бер­на­беу“ за 80 ми­ли­о­ни евра при­стиг­на би­се­рот од Ку­ку­та, Џејмс Ро­дри­гез. „Де­се­тка­та“ е не­го­ва, а оче­ку­ва­ња­та од 23-го­диш­ни­от играч за вр­ска се огром­ни, кој бе­ше нај­до­бар стре­лец на мун­ди­ја­лот во Бра­зил. А, на­ви­ва­чи­те на Ре­ал Ма­дрид ве­ќе пра­шу­ва­ат кој е след­ни­от на спи­со­кот ек­стра-ска­пи фуд­бал­ски ин­ве­сти­ции на Фло­рен­ти­но Пе­рез и на ра­ко­водс­тво­то на Ре­ал Ма­дрид.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 99. број на неделникот „Република“, 25.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top