„Не мозе, не мозе“, ѝ рекол грчки цариник на фолк-пејачката Ирена Спасовска кога пред десетина дена со семејството тргнала на одмор. На граничниот премин Богородица, кога Ирена му го дала пасошот на цариникот, тој ѝ рекол дека таа за Грција е непожелна личност уште од лани, пренесува „Вест“.
– Минатата година не бев во Грција, летувавме во Италија и не знаев дека сум непожелна. Кога го прашав цариникот зошто, тој само дигаше рамена и ме упати да се обратам во грчката амбасада во Скопје. Ми рече само дека до 2013 година сум можела, а сега веќе не. Но, сфатив зошто е така. Пред две години пеев на егејските средби во Овчарани и сите наши пејачи што пееја таму подоцна не можеа да одат во Грција, беа прогласени за непожелни – вели Ирена.
Одморот пропаднал и Ирена се вратила со семејството дома. Во Скопје се обратила до нашето Министерство за надворешни работи.
– По службена должност, од нашето Министерство до грчкото испратија писмо. Но, не добиле никаков конкретен одговор, освен дека нивно право е кого ќе пуштат во Грција, а кого не – вели пејачката.
Слична непријаност доживеа и друга наша фолк-пејачка. Имено, Сузана Спасовска лани беше вратена од грчката граница, а пејачката и ден-денес е револтирана за таа постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


