| четврток, 6 декември 2018 |

Вежби за на работа кои ќе ја победат болката од долгото седење

 Woman sitting at an office desk

Во седечка положба во просек минуваме околу 9,3 часа дневно, па не е ни малку чудно ако по третиот час почувствувате болки во грбот и во бутовите.

За ефикасно и брзо да се изборите со болките, користете ги овие вежби и истегнувања кои можете да ги направите и зад работното биро.

Вежба 1

Исправете се на столчето и ротирајте го телото кон левата страна. Левата рака ставете ја зад грб, а со десната допрете го левото колено. Истото повторете го на спротивната страна.

Вежба 2

Седнете на столот нормално и потпрете се. Едната нога свиткајте ја нанапред во агол од 90 степени, а другата нога свиткајте ја наназад, колку повеќе можете. Колковите туркајте ги нанапред, истегнувајќи ги стомачните мускули. Ако сакате да го зајакнете истегнувањето, подигнете ги рацете и благо виткајте се наназад.

На овој начин ќе го поправите држењето што нема да му одговара само на вашето здравје, туку и позитивно ќе влијае на вашата самодоверба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top