Катарина Зариќ (16) со која семејството и пријателите последните пет дена немале никаков контакт, е пронајдена во стан на свој другар во Пожаревац, објавува „Новости“.
Девојчето во придружба на мајката е донесено во просториите на полицијата во овој град, каде што треба да раскаже сè во врска со своето мистериозно исчезнување.
Нејзниното исчезнување го пријавила нејзината мајка Снежана. Таа вели дека Катарина не се вратила од роденденот каде што рекла дека ќе оди, па почнале да ја бара со брат ѝ. Синоќа Катарина му се јавила на момчето Горан Ѓорѓевиќ од непознат број и, наводно, го побарала бројот на својата мајка.
Горан претходно изјавил дека последен пат се видел со неа во саботата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Успеавме да ги спасиме само голите животи: Катарина Оксенберг се соочи со трагедија!
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)



