| четврток, 6 декември 2018 |

Успеавме да ги спасиме само голите животи: Катарина Оксенберг се соочи со трагедија!

Ќерката на Јелисавета Караѓорѓевиќ е уште една од личностите во низот кои ги изгубија домовите во разорната стихија која ја затекна Калифорнија.

Катарина Оксенберг, најстарото дете на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ се соочи со разорниот пожар во Калифорнија и претрпе стравични последици. Имено, нејзината куќа изгоре до темел, а во вилата се вселила пет дена порано со своите ќерки.

-Се плашам да се вратам во својот дом, бидејќи останаа само урнатини. Моите три ќерки и јас успеавме само да ги спасиме голите животи – рекла таа.

-Сега живееме како номади, кај пријатели. Сепак најважно е што сме живи и здрави, бидејќи во огненета стихија имаше и многу изгубени животи. Но не можам да верувам дека се мораше вака да се случи. Процесот на евакуација беше лошо организиран, ден порано не известија дека се е под контрола, дека нашата област не е загрозена, а тогаш мене и моите деца не разбуди страшен чад. Погледнав на часовникот и беше 8.30 и во паника истрчавме  надвор. Облеката на нас беше единствено нешто што го спасивме. Останвме без се, а најмногу жалиме за семејните албуми – рекла Катарина.

Катарина Оксенберг минатата година се бореше со пеколот на озогласената секта во која стапила нејзината ќерка Индија. Само што излегла од еден хорор, влегла во друг.

-Не можам да верувам. Се вселивме само пет дена порано, уште не успеавме ни да се распакуваме. Ова е најтрауматичниот настан во нашите животи – тажно заклучува Катарина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top