| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Изјавите на ДУИ се нејасни

Последните изјави што доаѓаат од дел на раководството на политичката партија ДУИ со признавањето на институцијата Претседател, а непризнавањето на легитимитетот, се нејасни, исто колку што беше нејасна и идејата за консензуален претседателски кандидат, вели шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, во интервју за весникот „Дневник“.

Gjorge-Ivanov-300

Според македонскиот претседател, и покрај повикот за бојкот од страна на ДУИ, значителен дел граѓани од албанската етничка заедница го поддржале на последните претседателски извори.

– Повикот за бојкот на претседателските избори од страна на ДУИ, испрати погрешна слика во јавноста за меѓуетничките односи. Уставот ме обврзува да ја претставувам Република Македонија како суверена, самостојна и унитарна држава, и да ги претставувам сите граѓани на Република Македонија. Бев и ќе останам еден за сите, за Македонците, за Албанците, за Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други. Постојано велам дека е потребно сите граѓани на Република Македонија да го градат македонскиот модел на соживот. Не е ексклузивно правото само на Македонците да го градат соживотот и довербата, туку на сите припадници на етничките заедници, затоа што Охридскиот рамковен договор дава права, но подеднакво и обврски. Исто така, не е ексклузивно право само на политичката партија ДУИ да ги претставува интересите на сите Албанци во Македонија – вели претседателот Иванов.

Во интервјуто за „Дневник“, претседателот Ѓорге Иванов посочува дека Советот за безбедност ќе одржи конститутивна седница, а именувањето на членовите ќе го одразува составот на населението, во согласност со Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top