| четврток, 6 декември 2018 |

Богатинов го спаси Ермис од катастрофа

Мартин Богатинов бранеше одлично во Берн на дуелот меѓу Јанг Бојс и Ермис и беше најдобар во гостинскиот состав од Кипар во поразот од 0-1 во рамки на третото квалификациско коло за настап во Лигата на Европа.

Повремениот македонски репрезентативец дебитираше на голот на Ермис и скроти десетина удари на напаѓачите на Јанг Бојс. Богатинов, сепак, капитулираше по еден час игра, но со добрите одбрани го остави кипарскиот состав во игра за настап во последната филтер рунда и пласман во ЛЕ. Реваншот ќе се игра за 7 дена на Кипар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top