| четврток, 6 декември 2018 |

Јаховиќ со гол и асистенција и „кумуваше“ на победата на Риека (видео)

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ блескаше на Фарски острови во дресот на Риека и со голо и асистенција кумуваше на убедливата победа од 5-1 против Викингур, што им носи на Хрватите сигурен пласман во плеј-офот за настап во Европа Лигата.

Јаховиќ го постигна третиот гол, а потоа му асистираше на двојниот стрелец Квржиќ за 4-1.

„Мило ми е што дадов гол во дебито за Риека на европската сцена. Победата од 5-1 ни гарантира пласман во плејофот, а на Кантрида сигурно ќе ни биде полесно. Кога успеавме да победиме со ваков резултат на терен со вештачка трева, тогаш верувам дека ќе бидеме уште подобри на домашен терен“, изјави Јаховиќ.

Риека ќе има лесна задача и во реваншот, бидејќи разликата во класа меѓу хрватскиот состав и аматерите од Викингур е видлива, па на Јаховиќ и соиграчите им останува да ја чекаат ждрепката и противникот за последната рунда во квалификациите за пласман во ЛЕ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top