
Повеќе хотелиери од Халкидики пред своите објекти, меѓу другите, истакнале и македонско знаме, што ги разлути нивните сограѓани и предизвика остри реакции од некои грчки организации.
Националистичкиот информативен портал „Њузбомб“, на пример, пишува дека „приморските градови во северниот дел на Грција се преплавени од туристи од соседната земја, кои провоцираат со налепници МК на своите автомобили, додека други ги оставаат ознаките ФИРОМ, кои ги добиваат на граница за да ги заштитат своите приватни автомобили“.
„Но, тоа што е нереално, е трендот на некои грчки хотелиери да истакнат знамиња на Скопје“ – пишува порталот.
Организацијата „Комитет на македонската борба“, која тврди дека нејзини членови се 3,5 милиони Грци од целиот свет, ги нападна хотелиерите од Халкидики нарекувајќи ги „бескрупулозни“ затоа што „истакнале провокативни знамиња во срцето на туристичката и единствена Македонија, со што прават голема услуга на иредентистичките пропагандни цели на Скопје“.
Организацијата го повикува Здружението на хотелиери од Халкидики да побараат од нивните членови „кои ја загубиле својата национална свест со цел да привлечат клиенти“, веднаш да ги отстранат знамињата на Македонија „од територијата на Грција“.
Во исто време, се повикуваат сите Грци „веднаш да ги откажат резервациите за тие хотели и преку социјалните мрежи да информираат зошто го направиле тоа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


