Вечерва со поќеток во 22 часот во Античкиот театар во Охрид ќе се случи уникатниот настан со кој ќе се одбележат 70 години од постоењето на најстарата музичка институција во нашата држава, јубилеј за почит на Македонската филхармонија.
Музичко движење кое создава нова енергија, нова димензија – вака е замислен проектот „Музика универзалис“, кој на големиот македонски празник Илинден ќе го приредат токму Македонската филхармонија и легендарниот Дерик Меј.
Иницијатор на проектот, поддржан од Министерството за култура, е продукцијата „Излет мјузик“, која активно е вклучена во реализацијата на сите сегменти од оваа комплексна изведба.
Организаторите најавуваат досега невидено шоу на овие простори, концерт кој ќе претставува фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудиоподдршка, специфични костими. За останатото, од екипата велат треба да се види за да може да се доживее.
„Музика универзалис“ на Дерик Меј и Македонската филхармонија – вечерва со почеток во 22 часот во Античкиот театар во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан