Царинската управа на Македонија денеска почнува кампања „Пријавете пари“.
Целта на кампањата е информирање на патниците што влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесување и изнесување пари.
Почетокот на кампањата на аеродормот „Александар Велики“ во Скопје ќе го означи директорката на Царината, Наташа Радеска-Крстевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



