| четврток, 6 декември 2018 |

Проституцијата во Грција зголемена за 1.500 проценти

prostitutka-500
Како резултат на економската криза што ја зафати Грција, проституцијата во оваа земја во последните неколку години се зголемила за 1.500 проценти.
Оваа бројка е утврдена преку проучување кое заеднички го спровеле Одделот за криминологија на Универзитетот „Пантион“, Националниот центар за социјални истражувања и грчкиот омбудсман, јави дописникот на МИА од Атина.
Млади, невработени девојки секојдневно се впуштаат во проституција, а во исто време постојано расте и бројот на жртвите на трговија со луѓе. Во центарот на Атина, многу студентки шетаат по улиците и бараат клиенти, за да можат да си го платат школувањето. Според девојките, нема многу клиенти и поради тоа цените се значително паднати.
Според истражувањето, повеќето проститутки работат за 20 или 30 евра. Некои од половопреносливите болести, за кои досега се веруваше дека исчезнале, сега секојдневно се регистрираат.
Трговијата со жени годинава се очекува да генерира околу 80 милијарди долари во Европа.
Според едно претходно истражување на Меѓународната организација за миграција, само 45 проценти од жените, кои се жртви на трговија со луѓе, успеваат да избегаат во првите 12 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top