Првите резултати од истрагата за причините за падот на авионот на компанијата „Ер Алжир“ на 24 јули во пустинскиот дел на Мали, покажуваат дека леталото со 118 патници и членови на екипажот паднало на земја од 10.000 метри височина за само три минути.
Истражителите веруваат дека авионот што летал од Буркина Фасо кон Алжир влетал во бура, а големо влијание на несреќата имало и неискуството на пилотите, кои со авионот летале над Сахара само еден месец.
По деталната анализа на податоците од радарот истражителите речиси целосно ја отфрлаат можноста дека леталото е соборено во терористички напад, но сè уште не се целосно сигурно дали авионот имал некакви технички проблеми, кои придонеле за катастрофата.
– Пилотот се обидел да ја заобиколи несреќата, но пребрзо се вратил на стариот курс. До падот дошло додека се обидувал да го изведе овој маневар, изјави командантот на војската на Буркина Фасо, Жилберт Диендере. Тој открил фрапантен податок дека авионот имал стрмоглавиот пад од 10.000 метри и додал дека леталото го допрело тлото во еден дел, односно не се распаднало во воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска