Врнежите остануваат на поголем дел од нашата територија и во петок. Сепак, ќе бидат послаби за разлика од четврток. Претпладнето ќе помине со помала веројатност за врнежи. Позачестена појава на дождоносни облаци ќе има попладне. И понатаму источните краишта очекуваат позначителна количина дожд, за разлика од западните. Во западниот регион врнежите ќе бидат слаби и од локален карактер. Врнежите ќе бидат проследени со грмежи.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 28°С во котлините во северната половина од земјата, а иста вредност се очекува и во југозападното подрачје. Околу 30°С се очекуваат во јужниот тек на Вардар.
Во Скопската Котлина се очекува променливо време со повремен дожд, кој ќе биде позастапен попладне, локално повторно проследен со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 30°С.
Во охридско-преспанскиот повторно се очекува умерена облачност со сончеви периоди и слаби услови за нестабилно време со локален дожд и грмежи попладне. Максималната дневна температура ќе достигне околу 27°С.
Дојран очекува променливо време со подолги сончеви периоди претпладне, а попладне и вечер повторно ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.