Силното невреме што попладнево го зафати Скопје ги поплави улиците во центарот на градот и скопските населби.
Освен во населбата Аеродром, од невремето се искршија дрвја и во Кисела Вода кадешто дрво падна и го блокира булеварот кај Тутунскиот комбинат, а водата запушила и атмосферска канализација на „3-та Македонска бригада“.
Поради вода затворен е подвозникот на „Бихаќка“ и раскрсницата кај трговскиот центар „Рамстор“, а поплавени се и улиците во Автокоманда кај хотелот Континентал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


















