| четврток, 6 декември 2018 |

Модернизираната хидроелектрана „Вруток“ пуштена во употреба

vrutok1

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и министерот за економија, Беќир Незири, денеска официјално во употреба ја пуштија модернизираната хидроелектрана „Вруток“, со што фрмално беше означен крајот на еден од најсложените енергетски зафати некогаш изведени во Македонија – реализација на втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните во сопственост на АД „Електрани на Македонија“.

„Проектот вреден 36,6 милиони евра почна да се реализира во февруари мината година и ќе обезбеди продолжување на животниот век на нашите големи хидроелектрани и нивните придружни градежни објекти, како и зголемување на нивната сигурност и доверливост“, истакна директорот Бошковски.

За 18 месеци беа целосно ревитализирани четирите агрегати, со што инсталираната моќност се зголеми од 37,5 мегавати на 41,4 мегавати, односно по 4 мегавати за секој агрегат.

Со ревитализацијата придобивките се големи. Генераторите во ХЕ „Вруток“ имаат зголемена инсталирана моќност од 150 мегавати на 166 мегавати со речиси иста потрошувачка на вода по агрегат, зголемена е нивната ефикасност, доверливост на системот, и продолжување на работниот век за наредните три децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top