| четврток, 6 декември 2018 |

Индустријата под полна пареа – основа за понатамошен раст

industrija-630x289

Континуираниот раст на индустриското производство е показател на поволните состојби во економијата и предвесник на индните трендови на пазарот, сметаат експертите и бизнисмените. Растот на индустриското производство предизвикува и раст на оптимизмот во бизнисот, а истото е поволно и за останатите показатели и сектори, како извозот и градежништовото, а воопшто и целата економија.

Државната статистика објави раст од 4,9% во јуни и од 4,5% во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани, а според премиерот Никола Груевски, ова е еден од позитивните економски показатели.

„Се наоѓаме во време кога економијата, особено индустријата има одличен развоен тренд. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека и овој тренд ќе биде што подолг, што секако ќе се одрази на нашата крајна цел, а тоа е отворање на нови работни места во Република Македонија“, изјави вчера премиерот Груевски.

Иако европската економија сеуште заздравува, бизнисмените за македонката економија се оптимисти. Велат, позитивните трендови ќе продолжлат до крајот на годинава и дека домашните компании успешно се справуваат со надворешните влијанија.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека по сектори најголем раст има во преработувачката индустрија за 12,8 %, која учествува со 75, 5 % во структурата на домашното производство. Во јуни годинава во споредба со јуни лани пад е забележан во секторот рударство и вадење камен за 9,9 % и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 33,1%. Според главните индустриски групи, производството во јуни годинава бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 %, кај капитални производи за 70,6 %, кај трајни производи за широка потрошувачка за 36 % и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 %. Опаѓање е регистрирано во групата енергија за 26,9 %.

Во првото полугодие од годинава ретко кој познавач на состојбите во македонската индустрија очекуваше вакви позитивни резултати, бидејќи според првичните прогнози на стартот од оваа година, истите се очекуваа за воторот полугодие. Од денешна гледна точка, континуираниот раст на иднустријата, предводен од растото во секторот капитални производи (металните конструкции, машините и алатите) од над 70%, се случува најмногу благодарение на странските инвестиции кои работат во слободните економски зони. Истовремено, овој тренд во иднина ќе продолжи благодарение на намерата на Владата за понатамошно привлекување на странски глобални компании, но ни на инвестициите во капиталните проекти како изградбата на автопатиштата и железницата- инвестиции кои дополнително ќе ја подкрепат економијата.

Целата анализа прочитајте ја на Лидер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top