| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани: Прекрасно се чувствувам во Париз, не гледам причина да си одам од ПСЖ

Уругавјскиот репрезентативец во редовите на ПСЖ, Едисон Кавани, ги отфрли шпекулациите за негово заминување од ПСЖ во летниот преоден рок.
Тој не гледа некоја посебна причина која би го натерала да си замине од „Паркот на принцовите“.

– Прекрасно се чувствувам во Париз. Немам никаква причина да си заминам од ПСЖ. Имам важечки договор и сакам да го испочитувам до крај. Клубот е еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампиони оваа година. Во секој трансфер не се прашува само фубдалерот, туку и клубот. Засега нема таква најава од управата – изјави Кавани.

Пари Сен-Жермен се наоѓа на подготовки во Хонг Конг, а Кавани се приклучи на тимот кој сезоната ќе ја почне со натпревар во Суперкупот на Франција против Генгамп, кој ќе се одигра в сабота во Пекинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top