| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас: Девојки, омажете се за Македонец во странство

Имате озбилни намери да се жените и да стапите во брак, а времето поминува многу бргу. Ние гарантираме дека веднаш ќе го решиме вашиот проблем и ќе ви пронајдеме девојка (сопруга), најкасно во рок од една недела, вакви услуги нуди агенцијата за Брачно посредување која можете да ја најдете и на „Фејсбук“.

Според нив, имаат ирока понуда на девојки кои се подготвени за мажачка и брзо решение на вашиот проблем.

„Ние сме агенција која работи со секој клиент посебно. Во интерес на клиентите, се организира посебна процедура за секој кандидат посебно. За кандидатите од понежниот пол се организира посебна процедура, во целосна дискреција, со голем избор на кандидати за секоја кандидатка.

Ги замолуваме сите заинтересирани, да се јават со порака за да ги договориме деталите за секој кандидат или кандидатка посебно.

– Моментално имаме повеќе девојки на различна возраст

– Посредуваме при запознавање со девојки за мажење од Албанија. Посредувањето е со гаранција за 100% успешност,

– Со 100% сигурност и законитост. Има девојки и жени од Албанија на возраст од 18 години па нагоре и истите сакаат да се мажат во Македонија, со целосно знаење и одобрување на нивните родители.

– Вкупната цена на посредувањето е во зависност од девојката. Плаќањето е по завршувањето на работата. Обезбеден е и превоз.

Комуникација за почеток исклучиво преку ФБ профилот, јавете се и оставете порака. Само за озбилни и само за брак Ве молам.

Ги замолуваме сите наши потенцијални клиенти да не додадат за пријател, а дури потоа да ни писуваат пораки. Во спротивно, нивната порака може воопшто да не пристигне до нас.“

Агенцијата се огласува и на веб-огласникот „Реклама 5“.

Oglas-Devojki-Omazete-se-1

Девојки – омажете се за македонец во странство
„Целосно бесплатно посредување за девојки кои сакаат да се омажат за Македонци кои живеат и работат во странство. Остварете го вашиот сон девојки и пријавете се на ФБ профилот да ги договориме деталите . Имаме доволен број на кандидати. Не се наплаќаат никакви трошкови и никаква провизија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top