Претседателот на Шпанската фудбалска федерација Хавиер Тебас изјави дека Барселона нема да има право да игра во Примера дивизија ако шпанската покраина се отцепи од оваа држава на престојниот референдум оваа есен.
Еден од симболите на оваа покраина е токму фудбалскиот клуб Барселона која е вистински репрезент за Каталонија.
Ако некогаш во иднина североисточниот дел од Шпанија прогласи независност сите спорстки колеткиви вклучувајќи ја и Барселона нема да имаат право да играат во шпанските првенства.
Тоа значи дека најпознатото дерби во светот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе престане да се случува освен во некои меѓународни натпревари и купови.
– Не сакам да шпекулирам со неможни работи. Каталонија секогаш ќе биде дел од Шпанија. Не сум загрижен само за Барселона. Од Каталонија доаѓаат и многу други спортски колективи како што се Џирона, Еспањол, Сабадел. Ако останат на сила денешните закони, тие нема да имаат право да се натпреваруваат во шпанските првенства. Ќе мора да ги смениме спортски закони. Еднитсвено Андора со спорстки клубови има право да се натпреварува рамо до рамо со нашите клубови. Други такви одредби во законот нема. Барселона на почетокот нема да има право да игра во Примера дивизија се додека двете држави не постигнат таква согласност – изјави Хавиер Тебас за шпанскиот весник АС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


