Русија стравува дека Киев се обидува да ги уништи доказите за украинската вмешаност во уривањето на патничкиот авион МХ17, изјавил Виталиј Чуркин.
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, на седница на Советот за безбедност на ОН, изјавил дека украинскиот претседател Петро Порошенко наредил прекин на огнот во радиус од 40 метри од местото на падот на авионот, но дека наредбата била прекршена, пренесува Итар Тасс.
-Украинските власти си поставиле нова задача да ја преземат контролата врз местото на уривањето на авионот – истакнал Чуркин.
Според него, таквите акции претставуваат крешење на Резолуцијата 2166, што ја загрозува непристрасната истрага за трагедијата. Чуркин потсетил дека пред три дена риската делегација побарала од членките на Советот за безбедност на ОН да усвојат соопштение со кое би се повикало на сеопфатна, темелна и меѓународна истрага.
– Сепак, рускиот предлог го блокираа одредени членки на Советот за безбедност кои се против примената на Резолуцијата 2166 – кажал Чуркин.
Тој и во понеделникот предупреди дека обидот на украинските војници да ја преземат контролата врз местото на уривањето на авионот би претставувало кршење на резолуцијата на ОН. Рускиот дипломат тогаш истакна дека воените дејства на украинските војници во областа на несреќата „отворено му противречат” на Советот за безбедност на ОН.
Авионот се урна во источна Украина на 17 јули со 298 патници и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



