
Поезија на Никола Маџиров е објавена на арапски јазик во списанието „Ал Араби ал Аџед“. Избор од единаесет песни на Маџиров се прошири низ арапскиот свет преку објавата во еден од најчитаните независни арапски магазини, кој, според написите во другите медиуми, го има променето пристапот кон уметноста и новинарството во арапскиот свет.
Поезија на Никола Маџиров се објави и на грузиски во списанието на Асоцијацијата на писатели во Грузија, а е во печат за објава во превод на исландски и летонски јазик во Исланд и во Летонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


