| четврток, 6 декември 2018 |

Стефановски и Тадиќ во Куршумли-ан

Пo oбјавувањето на последниот, 32. по ред албум и по големиот јубилеен концерт во Универзална сала, Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, ќе има работно лето.

Во рамките на прославата на 40 години на сцена, на 19 август, во инспиративниот простор на Куршумли-ан, со почеток во 21 часот, е закажан концерт на Влатко Стефановски и на Мирослав Тадиќ. Секогаш кога ќе ги вкрстат гитарите, овие двајца виртуози приредуваат концерт за паметење. Концертот е во организација на агенцијата „Баги комуникации“.

Инаку, само неколку дена порано, на 16 август, во рамките на „Бит-фест“, Стефановски ќе одржи концерт во античкиот локалитет Хераклеа.

Билетите се пуштени во претпродажба на сите продажни места на „Купи карти за сè“ по цена од 500 денари за скопскиот концерт и 250 денари за Битола.

Генерален спонзор на концертот на Влатко Стефановски се Македонски телеком и Т-мобиле. Медиумски покрпвители на настанот се „Нова Македонија“, „Метрополис радио мрежа“ и „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top