Со овој универзален настан, во кој ќе бидат споени класичната и електронската музика, ќе бидат уникатно прославени 70 години од постоењето на најстарата музичка институција во нашата држава, јубилеј за почит на Македонската филхармонија.
– Во „Музика универзалис“ ќе учествуваат наши познати уметници, а настанот ќе биде проследен со светлосни, видео- и аудиоефекти, како и со специфични костими кои верувам дека ќе го предизвикаат вниманието на публиката – истакна директорката на Македонската филхармонија, Маја Чаначевиќ.
Дерик Меј на македонската јавност ѝ е добро познат, пред сè како продуцент и композитор на електронска музика, и како еден од најзначајните претставници на т.н. детроитски звук. Дерик Меј, кого многумина го нарекуваат Мајлс Дејвис на електронската музика, веќе ги има освоено сите познати европски и светски сцени и фестивали, а радува податокот што тој редовно гостува и во Република Македонија.
Иницијатор на проектот, поддржан од Министерството за култура, е продукцијата „Излет мјузик“, која активно е вклучена во реализацијата на сите сегменти од оваа комплексна изведба.
– Целата идеја е на продукцијата „Излет мјузик“ и јас бев почестен кога ми кажаа дека планираат да бидам дел од неа. Со овој проект ќе се постават нови граници во музиката, продуцентите навистина се надминаа, а мене ми е исклучително мило што околу мене имам толку трудољубиви луѓе кои имаат желба да создадат нешто ново. Нивната желба наскоро ќе стане реалност – рече Дерик Меј.
Проектот „Музика универзалис“, кој на 2 август ќе биде изведен пред публиката во Античкиот театар во Охрид , ќе биде издаден и на ДВД со краток документарен филм за археолошките локации-амфитеатри во Македонија, кој ќе го снима Игор Иванов-Изи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан


