| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ќе даде дополнителни 10 милиони евра за малите бизниси

galerii_IMG_1748_255777525

Европската Унија ќе даде дополнителни 10 милиони евра за малите и средни претпријатија од Македонија. Како што беше оценето на денешната завршна конференција, проектираните 2,2 милиони евра потрошени преку проектите во изминатите две години биле од голема помош за зголемување на производството и извозот во малите компании.

-Повеќето фирми со поддршка на европските експерти успешно ги остварија поставените цели, зголемување на бројот работни места и поголема конкурентност, истакна  Евроамбасадорот Аиво Орав, кој ги најави новите 10 милиони евра за малите бизниси.

Според министерот за економија Ваљон Сараќини, проектите им обезбедиле директна помош на фирмите за подобрување на нивните бизнис перформанси, но и развивање нови деловни вештини на менаџерско ниво.

-Истражување на пазарот, развој на пазарна стратегија, брендирање, барање стратешки партнери, истражување извозни можности и привлекување инвеститори се дел од инструкциите што ги совладаа домашните фирми во рамки на ЕУ-проектите, рече Сарачини и истакна дека заедно со активните владини програми за вработување и самовработување, значително ќе се зголеми бројот на работни места во малите компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top