
Според извештајот на „И-џенерејшн“, третина од младите почесто комуницираат преку интернет отколку што разговараат во живо, односно повеќе се склони кон виртуелна комуникација отколку на разговор во живо.
Според овој извештај, дури 36 отсто од децата преферираат комуникации по пат на интернет отколку во живо, а поради сѐ почестата зависност од интернет, тие се нарекуваат „е-генерација“, пишува „Дејли мејл“.
Секое четврто дете признава дека повеќе сака да го поминува времето на таблет или на компјутер отколку да игра надвор со пријателите, а за тоа се свесни и петтина од родителите.
Истовремено со тие промени, денешните генерации се многу пофокусирани на теми кои децата порано не ги интересирале. На пример, 54 отсто од нив се грижат за тоа дали јадат здраво, а секое десетто дури и ги подучува своите родители да купуват здрави намирници.
Околу 12 отсто од девојчињата и момчињата до 14 години барем еднаш биле на диета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


