| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Коен пишуваат сценарио, Анџелина Џоли ќе режира

unbroken-angelinajolie-coenbrothers

Итан и Џоел Коен ќе соработуваат со Анџелина Џоли на филмот за Луи Замперини, американски херој од Втората светска војна

Браќата Коен ќе го преработат сценариото, кое се заснова на адаптацијата на книгата „Непокорен“ (Unbroken)  на Лора Хиленбранд, објавена во 2010 година, за потребите на студиото „Универзал“ кое веќе со децеии се обидува на некаков начин да ја пренесе приказната на големото платно.

Студиото ги откупи правата на книгата во 2011 година и сметаа на режијата на Франсис Лоренс, но во декември Џоли влета на неговото место. Холивудската ѕвезда со недели бараша врвни сценаристи со кои би соработувала на проектот и наводно била мошне пребирлива во изборот.

Браќата Кое ги вбројуваат во најдобрите писатели на сценарија во Холивуд, досега биле пет пати номинирани за Оскар, во категоријата сценарија, за освоиле два. Тие вообичаено самите ги режираат и продуцираат филмовите, но во ретки исклучоци се согласуваат на соработка .

Замперини бил спринтерска ѕвезда, кој во 1936 година се натпреварувал на Олимписките игри во Берлин. Во 1943 година неговиот авиот паднал над Пацификот и тој преживеал 47 дена без храна и вода, успевајќи да ги избегне нападите од ајкули и непријателските авиони. Завршил насукан на брегот на еден јапонски остров каде две години бил измачуван како воен заробеник.

Денеска има 96 години и живее во Лос Анѓелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top