| четврток, 6 декември 2018 |

Коцев во улога на легендарниот тренер Лазар Лечиќ

Македонските актери Сашко Kоцев и Тони Михајловски ќе играат во филмот „Ќе бидеме светски прваци”, што од октомври ќе го снима српскиот режисер Дарко Баиќ. Kоцев ќе го толкува легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ, а Михајловски ќе игра измислена филмска личност, продуцент во Радио-телевизија Београд, кој е задолжен за организирање директен пренос од Светското првенство во 1970 година, пишува „Дневник“.

lazo lecik

Зад филмот стои продуцентската куќа „Интермедија нетворк” од Белград, која претходно ја работеше успешната фудбалска сага „Монтевидео”. Приказната ги следи четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион во Љубљана. Режисерот Баиќ е еден од легендите на југословенскиот филм. Негови се: „Црниот бомбардер”, „Војна во живо”, „Балкански правила”, „Заборавени”, „На убавиот син Дунав” и други.

И Македонија ќе биде дел од проектот преку продуцентот Дејан Милошевски од продукцијата „Револушн” од Скопје. Со српскиот колега Дејан Петровиќ се сретнале во Kан кога Милошевски беше за да го промовира својот долгометражен првенец „Деца на сонцето” на режисерот Антонио Митриќески.

Сите детали овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top