На платото пред спомен-куќата на Мајка Тереза, во Скопје, Оркестарот на Армијата на Република Македонија во моментот го одржува концертот по повод 2 Август – Илинден и 70 годишнината од АСНОМ.
На концертот, кој е под диригентска палка на потполковник Драган Димитров, се изведуваат композиции од домашни и странски автори, пригодни за вечерната свеченост.
Покрај настапот на оркестарот, баталјонот за почести ќе се претстави пред присутните со точката „ЕГЗИРЦИР“.
Со оваа активност, Армијата на Република Македонија учествува во чествувањето на празникот 2 Август – Илинден и чествувањето на 70 годишнинатата од АСНОМ, кое е во организација на Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


