| четврток, 6 декември 2018 |

Израелски проектили погодија училиште, загинаа 15 лица

izrael-gaza-s1-500x320

Израелски тенковски проектили погодија преполно училиште во Газа во градот Џебалија. Загинаа најмалку 15 лица а 90 се повредени соопштија палкестински извори. Училиштето било под заштита на Обединетите нации, а во него имало голем број бегалци кои побарале засолниште од израелските напади.  Според директорот на училиштето рано утринава објектот бил погоден од неколку тенковски проектили кои целосно разурнале две училници и санитарните јазли во училиштето.

Израел продолжува со жестоки бомбарирања на Газа со напади на авијацијата и силно тенковско гранатирање. Големи делови од Газа немаат струја поради тоа што во нападите се погодени напојувањата со електрична струја, а над градовите се креваат црни облаци од чад. Израелската војска тврди дека нивна цел се командните центри на Хамас, но нападите гинат и цивили. А во некои случаи и цели семејства. Израелската војска засега нема одговор на прашањата за овие специфични напади во кои постојат докази дека се гаѓани цивилни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top