Многу фармери што одгледуваат какао не само никогаш не вкусиле чоколадо туку не ни знаат дека такво нешто постои.
Еден фармер од Брегот на Слоновата Коска со години одгледува какао, кое е главна состојка на чоколадото. Сепак, тој никогаш ниту видел ниту вкусил чоколадо.
– Да бидам искрен, не знам што прават од моето какао. Имам слушнато дека од него се прави некоја вкусна храна, но никогаш не сум ја видел. Поради тоа, не знам дали таквите муабети се вистинити – вели фармерот Н’Да Алфонс.
Какао-фармерите, како Алфонсо, не само никогаш не вкусиле чоколадо туку не ни знаат дека такво нешто постои.
Брегот на Слоновата Коска е еден од најголемите извозници на какао во светот и годишното производство на какао во оваа земја изнесува околу 1,6 милион тони.
Погледнете го видеото…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



