| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка муслиманка преполагала матура откако се пожалила на антиисламизам

Наставник од Стручното училиште за средно образование во чешкиот град Усти над Лабем, кој е пастор на Апостолската црква, се соочи со обвиненија за верска нетолеранција, откако една ученичка се пожалила на резултатите од матурскиот испит.

maturanti test

Ресорниот орган при локалната самоуправа и дозволил на девојката да ја преполага матурата, а наставникот добил писмена опомена, јави дописникот на МИА од Прага.

Целата ситуација излезе во јавноста откако на социјалната мрежа Фејсбук средношколката Нур Ашраф Бекар тврдеше дека на матурата паднала заради поставени несоодветни прашања со расистички призвук и дека професорот Давид Кафка и претходно на часот по истирија на учениците им пуштал антимуслимански видеа кои го поддржуваат тероризмот.

Професорот Кафка исто така на социјалната мрежа се „бранеше“ дека одлуката во врска со матурскиот тест ја донела едногласно четиричлена комисија.

Ученичката Нур, го повторила полагањето во јуни и случајно го извлекла истото прашање и пред новата комисија ја положила матурата.

– На една страна, Регионалната канцеларија за образование донесе одлука дека комисијата не направила грешка, а на друга го поништи матурскиот испит. Тоа ми изгледа нездраво, рече на ова Кафка, додавајќи дека на учениците им пуштал видеа со муслиманска тематика, но без никакви напади врз исламот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top