| четврток, 6 декември 2018 |

Kако да го одведете во кревет според хороскопскиот знак

Огнените знаци ќе ви овозможат секс за паметење само ако ви веруваат во целост и ако не им е досадно со вас. Земјените знаци тешко се опуштаат и не влегуваат толку често во сексуални односи, водените, пак, се креативни, сензуални, страсни. Тие го сакаат сексот и ништо не им е необично.

Овен, Лав, Стрелец

За огнените знаци сексот е всушност игра. Овие знаци не сакаат да им е досадно, не сакаат лаги и двосмислени ситуации. Отворете ги картите на маса и ќе ја искусите страста на вашиот живот. Секс на отворено, во природа, на било необично место, секогаше е возбудливо за нив. Меѓу овие знаци ќе наидете на многу егзибиционисти.

Совет: Не ги оптоварувајте со за нив неважни работи и не ја задушувајте нивната индивидуалност, бидејќи огнот не смее да се задржуа. Не го гасете нивниот есенцијален карактер. Слободата за нив е синоним на сексуалноста.

Бик, Девица, Јарец

Земјените знаци тешко се опуштаат и не влегуваат туку-така во сексуални односи. Прво треба да се врзуват за некој, особено Јарците, па потоа да се ослободат во кревет. Девицата инсистира на интелектуална компатибилност, изгледот на партнерот им е најневажен. Овие знаци не се прилагодливи, тешко е да ги заинтересирате и ретко влегуваат во авантури.

Совет: Поправете им го расположението со некој убав гест. Потрудете се да им биде удобно во ваше друштво и не им ги прикажувајте работите низ „розеви очила“, бидејќи сакаат само реалност. Природа, планини и вкусна храна се нивните афродизијаци.

Близнаци, Вага, Водолија

Заинтригирајте го нивниот интелект, остварете некоја од нивните фантазии. Доколку се вклопите во нивната идеја за идеал која си ја имаат во главата, ќе биде совршено. Немојте да им бидете здодевни, помалку зборови, повеќе дела. Сакаат да зборуваат за секс, па оттаму сакаат и секс по телефон и еротски пораки.

Совети: Воздушните знаци лесно е да ги заинтересирате, но тешко да ги задржите.Ги следат нивните желби и се обидуваат да не се љубоморни, бидејќи тоа ги онерасположува. Тие знаат да ја остварат секоја своја сексуална фантазија, не постои пречка кога станува збор за секс.

Рак, Шкорпија, Риби

Водените знаци се креативни, сензуални и страсни. Тие сакаат секс и ништо не им е необично или забрането. Ако им се допаѓате како личност, нема да обрнуваат внимание на вашиот изглед. Но, морате да бидете интересни и да сакате излегувања.

Совет: Музика, топло чоколадо, добар филм, квалитетно вино, афродизијаци на кои не можат да им одолеат.

 

Извор: cosmopolitan.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top