
Реки крв течат низ Газа, додека домовите се разурнати до темел, а приемните одделенија на итната помош во болниците се преполни. Плотуни од ракети од Хамас кон Израел продолжуваат да летаат, дури и кога се пресретнати со превентивен оган од бомби, проектили и штитови од израелската армија.
Легиите од загинати се мерат во стотици. Страшно е. Но светот го видел ова и претходно – двапати. Операцијата „Заштитнички раб“ е многу слична како и претходните во 2008 и 2012 година.
Хамас нема да отстапи. А Израел одбива да сопре, се додека не почувствува дека работата е завршена. Милиони луѓе низ светот гледаат и се прашуваат: Што Израел се надева да постигне?
Си-Ен-Ен им го отвори ова и други прашања на двајца познати израелски колумнисти: еден е поранешен воен дописник, а другиот новинар кој ги покрива човековите права и се фокусира на Палестинците.

Иако двајцата не се согласуваат по многу прашања, изненадувачки е што по некои се надополнуваат. Еве како тие одговорија:
1. Која е крајната цел на Израел во оваа операција?
Нема крај. Тука и двајцата се согласуваат.
Но иако Израел можеби нема да оди кон драматичен исход, сепак постојат конкретни цели, вели воениот автор Рон Бен Јишаи.
– Има долгорочни и краткорочни цели за Израел, смета тој.
– Многу од нив ќе функционираат, надополнува критичкиот колумнист Гиодеон Леви. Но тој не се согласува за нивната логичност. „Тие нема да ја излечат болеста, туку напротив, само ќе ја потхрануваат, тоа ќе ги претвори насилствата во повторен кошмар“, смета тој.
2. Која е примарната воена цел?
– Конзервативната влада предводена од Бенјамин Нетанјаху, сака да ги сопре ракетните напади на Хамас. Оваа мисија исто ќе ги ослабне Хамас, вели Бен Јушаи. „Да се поткопа политичкото клопче и способноста на Хамас да делува и како политичка и како воено-терористичко движење, тоа се целите“, смета тој.
Во меѓувреме, оваа мисија се прошири во уништувањето на подземните тунели, кои милитаните на Хамас ги користат за да влегуваат во Израел и да вршат напади. Бен Јушаи е уверен дека овие цели можат да бидат постигнати.
– Краткорочно да, нема сомнеие за тоа, се согласува Леви. Но тој смета дека Хамас ќе се врати посилен по „Заштитнички раб“, и воено и политички.
Тој ја наведува операцијата „Столбови на одбраната“ од 2012 и операцијата „Оловен калап“ во 2008. Во „оловен калап“, 1,300 Палестинци и повеќе од десетици Израелци загинаа. По тоа, Хамас потполно се опорави, вели тој.

3. Што го распали последниот круг од конфликтот?
Леви смета дека испалените ракети од Газа ја зоврија ситуацијата во акумулираните тензии. Тој потсетува на мировниот процес кој го иницираше Државниот секретар на САД, Џон Кери, помеѓу Израел и Палестинците. Оној кој пропадна пред неколку недели.
– Цело време некој недостасуваше на преговарачката маса, вели тој. „Газа беше сосема игнорирана“.
Убиства на млади луѓе, двајца израелски и еден палестински тинејџер, ја распалија тензијата на двете страни. Како прилог на тоа е очајот во Газа. Тесниот земјен појас е заробен од сите страни, а луѓето таму живеат во длабока сиромаштија и очај. „Газа денес е најголемиот кафез на светот“, вели Леви.
– Ракетните напади се само дел од сето ова, вели тој. „Тоа е начин Хамас да се удри по преговарачката маса“.
Бен Јишаи гледа на ова поинаку. Израел се обиде за мир и смирување со проблематичните милитанти од Хамас, и од тоа ништо не излезе.
– Оваа формула веќе не е во игра. Таа не се вклучена во картите, вели тој. „Воената опција стана неизбежна“.
4. По што „Заштитничкиот раб“ е поинаков?
Бен Јашаи се согласува со проценката на Леви дека милитантите на Хамас се вратиле засилени по последната воена операција – барем во една смисла.
– Тие имаат повеќе долгометни ракети. Претходно милитантите мораа да ги увезуваат од надвор. Сега можат и самите да ги произведуваат, вели тој.
Тие исто така вровиле и мрежа на лансирни станици под површината на земјата. Нивно уништување е „многу тешка работа“, рече Бен Јишаи. Израелската војска ќе мора длабоко да гаѓа во овие системи.
Леви вели дека унапредувањето на оружјето е дел од маѓепсаниот круг кој и претходно е виден. Израелската војска ги уништува милитантните постројки; тие пак ќе се вратат засилени.
– До следната операција, тие ќе бидат дури и подобро опремени, вели тој. „Исто ќе бидат и Израелците“.
Хамас овој пат исто предизвика повеќе жртви во Израел – 29 војници загинаа во копнената инвазија на Газа, додека во „Оловен калап“ загинаа само десетина.
– Ако загинат многу израелци, тоа ќе има влијание врз израелското јавно мислење и можеби да ги пресврти настаните, вели Леви. „Но досега јавноста покажува прилична подршка за операцијата во Газа“.
5. Што ќе биде трајниот ефект од опеацијата?
Владата се надева дека „Заштитнчки раб“ ќе му овозможи на Израел неколку години релативен мир, да се поврати нормалнотоивеење барем за некое време, вели Бен Јишаи.
– По секој круг непријателства… има некаков вид на смиреност во кој Израел живее, вели тој. „Луѓето можат да размислуваат и на други нешта и да се борат со други проблеми, како што е економијата“.
– Но тоа и не вреди колку што е цената која ќе биде платена, вели Леви. „Ќе бидат убиени многу палестинци, а животите на илјадници други ќе бидат разурнати. Дури и од сосема себична гледна точка, тоа во најдобар случај ќе биде празна победа“.
– Ќе бидеме сведоци на страшни сцени, вели тој. „Светот ќе го осуди Израел. И што ќе излезе од сето тоа? Една година мир“.
Бен Јишаи верува дека треба да се постигне постојаната цел, дека жестоките операции во Газа ќе го уништат непријателот се додека тие не престанат да испалуваат ракети.
– Резултатот ќе биде сосема спротивен, вели Леви.
Тој предвидува дека оваа воена интервенција ќе создаде основа за следна крвопролевачка интервенција – а потоа и за следна.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


