| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен превоз за децата без родители до 18 години, 50 отсто попуст за лицата до 27 години

јсп

Децата без родителска грижа до 18 години бесплатно ќе можат да се возат во автобусите на ЈСП-Скопје, како и на жичницата на Водно. Додека пак, полнолетните лица не постари од 27 години, кои исто така се без родители, ќе плаќаат само 50 отсто од вкупната цена на месечниот билет и на билетот за скопската жичница.

Јавното сообраќајно претпријатие- Скопје, во пресрет на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбата на децата без родители и родителска грижа, од 1 август годинава ќе ја намали цената за 50 отсто на месечениот билет за јавен превоз во Градот Скопје, како и на билетот за превоз на жичницата на Водно за полнолетните лица, не постари од 27 години, без родители и родителска грижа, информираат од Град Скопје.

Од Градот, исто така информираат дека децата до 18 години без родители и родителска грижа ќе можат бесплатно да ги користат услугите на ЈСП- Скопје.

Сите заинтересирани треба да ги приложат следниве документи за купување месечен билет:

1.  Барање за издавање месечен претплатен билет (Образец бр.2-3 ЈСП/ www.jsp.com.mk);

2.  Една  фотографија, во прилог на Барањето ;

3.  Потврда, издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени;

4.  Лична карта на барателот.

Потребни документи  за купување  билет за жичницата:

1.  Потврда  издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална  работа или од домовите каде што биле згрижени;

2.  Лична карта на барателот или со приложување на месечниот билет за јавен превоз.

Сите заинтересирани, потребните документи треба да ги поднесат во продажното место на ЈСП- Скопје во Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“ бр.10 каде што ќе можат и да го подигнат билетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top