Според информациите од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони во Македонија предвидени се 15 ТИРЗ. За сите има усвоено планска документација. Сите се основани ( СК1, СК 2, Тетово, Штип, Прилеп, Кичево, Струга, Струмица, Ранковце, Гевгелија , Радовипш, Верово, Виница) освен ТИРЗ Скопје 3 и ТИРЗ Делчево.
Целосно функционални зони се:
ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2, Штип
Колку се градат во моментов?
Во моментов се градат ТИРЗ Кичево и ТИРЗ Тетово. Во текот на оваа недела ќе почне со градба ТИРЗ Радовиш. Во втората половина од идниот месец се планира со градба да започне ТИРЗ Струга, а во месец септември ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница, велат за Лидер од Дирекцијата.
За другата година функционални ќе бидат:
ТИРЗ Кичево, ТИРЗ Струга, ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Ранковце и плус дополнително други во зависност од интерес на инвеститори.
“За зоната во Кичево, инфраструктурата треба да биде завршена паралелно со потребата на инвеститорот КСС некаде кон средината на идната година. Оваа компанија најави инвестиција од 20 милиони долари и нови 1000 вработувања. За зоната во Струга која ќе започне со изградба во август, динамината на градба ќе соодветствува со потребите на Германски „ODW Elektrik“ кои новиот објект во зоната ќе почнат да го градат напролет. Германската компанија ќе вложи 15 милиони евра и отвара исто така 1000 работни места.
Во двата случаја ние ќе сме неколку месеци со започната градба на инфраструктура пред инвеститорот, за да може да градиме паралелно ои да сме спремни кога тој ќе биде функционален. Слично како што беше случајот со Џонсон Контролс во Штип. Во Радовиш градбата ќе почне во месец август , ќе се започне со градба на основната инфраструктура, а остатокот од градбата ќе зависи од конкретните потреби на инвеститорот, слично како градбата на Струмиц, Прилеп, Гевгелија и како што направивме во Кичево и како што правиме со Ранковце“ вели за Лидер Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.
Каде има најмногу фабрики?
ТИРЗ Скопје 1 – Џонсон Мети, Вистеон, Кемет, Текнохозе, Продис
ТИРЗ Скопје 2- Ван Хоол
Штип: Џонсон Контролс
Во моментов во Бунарџик во ТИРЗ Скопје 1, која е со површина од 140 хектари, изградени се терминал за товарни возила, потисен цевковод, резервоар и разводна водоводна мрежа, бунарско подрачје, продолжува изградбата на канали и изведба на улица 7 со придружни хидротехнички инфраструктурни објекти, додека во ТИРЗ Скопје 2, која има површина од 96 хектари, изградена е заштитна ограда и во 2013 година зоната е функционална. Во слободната зона во Штип, каде што во моментов работи само фабриката на Џонсон контролс”, која, воедно, е најголема по површина – 206 хектари, изградбата на инфраструктурните објекти е завршена. Изградена е ограда со елементи, изведено е улично осветлување по должината на булеварот. Завршена е изведбата на сервисни улици во зоната. Изграден е привремен административен објект. Завршена е изведбата на електрични инсталации од трафостаница.
Извозот од компаниите од технолошко индустриските развојни зони драстично се зголемува.
Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ остварен е извоз од над 550 милиони евра. Според податоците, извозот двојно е пораснат во споредба со истиот период лани. До крајот на годината според прогнозите, извозот ќе достигне вредност од над 1 милијарда евра.
2013 – 760 милиони евра извоз од ТИРЗ
2014 – 1,2 милијарди евра извоз од ТИРЗ
2014 – година на странски инвестиции
Најмалку триесетина нови странски инвестиции во слободните и индустриските зони, кои ќе креираат над 10.000 директни работни места, очекува и премиерот Никола Груевски во наредните четири години.
При презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година Груевски истакна дека се очекува раст на извозот од околу 10 проценти и раст на увозот од околу 8 проценти годишно.
– Ќе има и нови мерки со цел македонските компании да се вклучат како добавувачи на мултинационалните компании во Македонија. Поттикнувањето нов инвестициски циклус на фирмите и реализацијата на инвестициите во градежништвото ќе значи дополнителен стимул за економијата – нагласи Груевски пред повеке од месец дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



