
Најмалку 24 лица загинале во стампедо на концерт кој се одржал на плажа во Конкари, главен град на Гвинеја. Претседателот на државата прогласи седум дневна жалост поради трагедијата.
Инциденот се случил на плажата во округот Ратома и во стампедото имало мртви и повредени. Лекарските екипи пронашле најмалку 24 тела, меѓу нив загинале и 13 девојки.
Полицијата покренала истрага за причините за несреќата. Официјалното лице од организацијата на концертот е суспендирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


